Мајли Сајрус: Трезна сум веќе шест месеци

Од:

Пејачката и глумица Мајли Сајрус, која, пред само неколку години се фалеше дека „секогаш е ’надувана‘,“ сега тврди дека веќе шест месеци е без алкохол и дрога.

Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане…

– На почетокот, стануваше збор само за таа операција… Но, тогаш се осврнав на себе и на семејната историја околу трезвеноста. Јас почнав темелно да го истраувам тоа и открив дека овде има многу предизвици околу зависноста и психичкото здравје, вели таа во интервју за „Варајети“.

Така, Сајрус одлучила да остане трезна.

– Со разбирање на минатото, јасно ја разбираме и сегашноста и иднината. Мислам дека тоа е одлична терапија, додава таа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска