Ричи Хевнс, американскиот фолк пејач кој го отвори легендарниот Вудсток фестивал во 1969 година, почина од последици на срцев удар во 72-та година од животот. Почина во неговиот дом во JЏерси Сити во Њу Џерси.
Хевнс беше музичар со исклучително препознатлив стил на свирење гитара и пеење. Тој го отвори познатиот фестивал во 1969 година со својата верзија на духовната песна Freedom, која веднаш стана химна на хипи генерацијата, а тој икона на тоа време.
Потсетувајќи се на тие времиња еднаш рече дека се во неговиот живот е поврзано за тој настан.
Хевнс во текот на неговата кариера сними најмалку 25 албуми, а во 1993 година настапи на инаугурацијата на тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.
– Освен по песните, оние кои го познаваа Хевнс ќе го помнат по неговата нежна и чувствителна природа, хуморот и силниот карактер, се наведува во соопштението по повод смртта на музичарот кој имаше чувствителен и единствен стил на пеење.
Хевнс со музика почнал да се занимава во својата 20. година. Вудсток беше негова пресвртница во кариерата и настапувајќи на исто место со Џими Хендрикс и Џенис Џоплин многу брзо го најде неговото место меѓу ѕвездите.
На фестивалот во 1969 година настапуваше прв, затоа што другите изведувачи доцнеле и неговиот настап траеше дури три часа.