Поради коронавирусот во Словенија биле откажани голем број операции и медицински прегледи

Од:

Во екот на епидемијата на коронавирусот во Словенија биле откажани голем број операции и редовни прегледи за граѓаните, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како што објави Словенечката информативна агенција (СТА), само во општата болница во Словен Градец, во март, април и мај, биле откажани дури 770 операции, 1.500 болнички лекувања и речиси 20.000 амбулантски прегледи.

Според управата на болницата, поради овие откажувања приходите на здравствената установа се намалите за 1.400.000 евра.

Инаку, Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата денес се рагистрирани два нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он