Пејачката Џенифер Лопез покажа извајани стомачни мускули, а со сликите кои ги постави на социјалните мрежи, латино дивата воодушеви многумина.
Сликите од Џеј Ло пред огледало по напорен тренинг предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Таа носи краток топ и тренерка.
– Ако не те предизвикува, тогаш не те менува, напиша Џенифер во описот на фотографијата која ја објави на својот фејсбук.
Познато е дека пејачката напорно тренира, а преку сликите покажа зошто важи за една од најпривлечните жени на светот иако е во шестата деценија од животот.