Цел свет зборува за англиската пејачка Адел која ги шокираше сите со својата трансформација, затоа што за неколку месеци ослабе преку 45 килограми.
Откако го промени изгледот, Адел се најде на мета на интернет „троловите“ и „хејтерите“ кои ја критикуваат поради огромното губење на килограмите.
Откако се обидоа да ја „линчуваат“ пејачката поради изгледот, реагираше нејзиниот поранешен тренер Пит Герацимо.
Тој објави заедничка фотографија со Адел и напиша:
– Одвратно е да се читаат негативни коментари и обвинувања кои ја доведуваат во прашање оригиналноста на нејзиниото неверојатно губење на килограмите. Низ лично искуство, додека работев со нејзе низ многу успеси и падови, таа секогаш работеше според својот ритам и според сопствените услови, пишува Пит.
– Никогаш на ниеден начин не го поткопа својот талент даден од Господ. Го пушти својот неверојатен глас да говори и никогаш не се претвораше во нешто што не е. Тоа што го гледавте тоа го добивавте. И сите ја сакавме, вели тој.
– Кога започнавме да работиме заедно, никогаш не се работеше за слабеење, туку за тоа да оздрави. Особено по бременоста и по операцијата. Кога наполни 25 години и најави турнеја, моравме да се подготвиме за тринаесет месеци напорен распоред.Во тоа време се загреваше на тренинзи и правеше подобар избор на храна. Како резултат на тоа, изгуби многу килограми и луѓето забележаа. За трансформацијата на нејзиното тело се пишуваше по сите медиуми. Вниманието кое го предизвика беше неверојатно, напиша Пит.
– Откако се пресели во Лос Анџелес, доживеа тешки лични примени. А природно е со промената да дојде и ново чувство за себеси и да посака да биде најдобра можна верзија на себе. Имаше подобри прехранбени навики и се посвети на својата кондиција. Не можев да бидам погорд или посреќен поради нејзе. Оваа метаморфоза не е за да се продадат албуми, за рекламирање или за некаков пример. Тоа го направи за себе и за своето дете, објасни поранешниот тренер на пејачката.
– Се надевам дека луѓето ќе го ценат напорниот труд кој Адел го вложи за да се подобри само во своја корист. Не ослабе за другите да се чувствуваат лошо. Оваа лична трансформација нема никаква врска со мене или со вас. Се работи за Адел и за тоа како сака да го живее својот живот. Не се промени Адел со која израснавме и која ја сакавме. Стана само помала за да ја заобиколиш, вели тој.
Неговата порака доби многу коментари на Инстаграм.
Инаку британските медиуми на почетокот на годината почнаа да пишуваат дека Адел драстично почнала да слабее по разводот од бизнисменот Сајмон Конецки.