Донации за бебето Најден во Градски парк

Од:

Во Градскиот парк кај Школка денеска, веднаш по завршувањето на Женскиот рекреативен маратон, секој граѓанин ќе може да донира за бебето Најден кое се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот центар во Скопје.

На локацијата каде ќе има табла со натпис „Донација за Најден“, освен финансиски средства, ќе може да се доставува и се друго што е неопходно за бебето.

Според Клиничкиот центар, на Најден му се потребни пелени, млеко NAN 1 со неистечен рок, флаширана вода Ладна, Роса или Планинска, тетра пелени, бебешка козметика, влажни марамчиња и облека за едномесечно бебе.

Се препорачува донациите да бидат спакувани во соодветни картонски кутии.

Организаторите ќе ги однесат пристигнатите донации на Клиниката веднаш по 14 часот.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он