Колумбиско-американската актерка, 47-годишната Софија Вергара на инстаграм објави серија фотографии на кои ја покажа својата куќа, сопругот, но и своите облини во бикини.
Латино убавицата често ги потсетува фановите да останат дома за време на пандемијата, а таа преку слики, им покажа на кој начин таа го поминува времето, затворена во „четири ѕида“.
Актерката покажа совршена фигура на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи, иако наскоро ќе наполни 48 години.
На една слика таа позираше со својата внука Клаудија Вергара, и токму таа фотографија привлече најмногу внимание.
– Постар модел од ’72 и нов модел од ’92, напиша Софија до фотографијата.
Фановите коментираа воодушевено – „Близначки“, „Од која фонтана на младоста пиеш вода“, „Гласам за моделот ’72“, „Која е која? Исти сте“…