Убавата холивудска актерка Пенелопе Круз не мисли дека нејзината работа е од онаа од соништата, бидејќи според неа, да се биде домаќинка и е поубаво од сите црвени килими и светла на светските подиуми.
„Домаќинка сум и тоа е прекрасно. Toa e најубавата работа на светот. Знам да готвам и важно ми е дека секој ден имам свежо подготвена храна. Не ги поддржувам лудите диети, само се придржувам до медитеранската исхрана“, вели актерката.
Таа дополнува дека ниту метлата, ниту крпата не и се мачни, а подот го светка со леснотија.