Глумецот Крис Прат ѝ упадна на својата сопруга Кетрин Шварценегер во кујната, додека таа ги забавуваше своите следачи со готварски рецепти.
Имено, во мигот кога писателката им раскажуваше на своите Инстаграм-обожаватели како додека Прат игра голф во нивниот двор, таа ќе пече леб, тој „неочекувано“ влезе во кадар пројавувајќи интерес околу тоа како таа ќе го замеси тестото.
– Чекај! Покажи ми! Тоа ќе ми донесе среќа, извикна актерот, сепак, на задоволство на следачите.
Кетрин е најстарата ќерка на познатиот австриско-американски глумец Арнолд Шварценегер.