Фејсбук страница за помош за бебето Најден

Од:

Подетални информации за бебето Најден, кое во понеделникот беше најдено во грмушки во двор на скопското село Арачиново, од денеска ќе можат да се прочитаат на фејсбук страницата „Да ми помогнеме на Најден“.

„За сите што сакаат да помогнат, наместо во болница, ве молиме работите што сакате да ги донирате да ги донесете во недела 14 април од 10-12 часот во Градски парк кај Школка, ќе има возило што ќе ги пренесе во болница“, пишува таму.

На страницата во секој момент ќе има информации кога и каква помош му треба на Најден.

Инаку, за еден ден на Клиниката за детски болести, каде на лекување се наоѓа бебето кое беше најдено со пресечен јазик и со модрици од давење, за Најден се собрани пелени, хигиенски прибор, влажни марамчиња, облека и играчки.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он