Основачот на списанието „Плејбој“, легендарниот Хју Хефнер, го прослави 87. роденден.
Тој организираше тематска забава, на која со својата 26-годишна сопруга Кристал и со пријателите, по кој знае кој пат, го гледаше неговиот омилен филм „Казабланка“.
– Го прославив роденденот со пријателите и го гледавме Казабланка. Ова се среќни денови за мене, напиша славеникот на Твитер.
На двојката им се придружија повече од 50 гости, вклучувајќи ги и неизбежните зајачици.