Претседателот Пендаровски се сретна со шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Во оваа прилика претседателот Пендаровски, му се заблагодари на министерот Радман, за посетата и за постојаните и јасни заложби на Хрватска и актуелното хрватско претседателство за отворање на пристапните преговори за членство пред Самитот на Унијата во Загреб во месец мај. Пендаровски воедно изрази очекување и за скорешно усвојување на новата методологија за водење на пристапните преговори за членство.

На средбата. се вели во соопштението на Кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски, без отворени прашања и беше посочено на интересот на двете страни за унапредување и интензивирање на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Двајцата соговорници на крај разменија мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, вклучително и за заканата од нелегалната миграција.

Би можело да ве интересира

Гест кој измами насмевки – го затворија ресторанот за гости, на сопственикот му се роди дете

А1он

Ја искасапи сопругата, па телото го фрли во септичка јама

А1он

Пленковиќ: Србија e на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски

Нови детали за балканската шпионско-љубовна драма – хрватскиот пилот знаел дека неговата девојка „споделува“ податоци

А1он

Воен пилот од Хрватска и неговата партнерка од Косово шпионирале за Србија?

А1он

Тепачка на Паг: Се истепаа Хрвати, Срби, Црногорец и Босанец

Горан Наумовски