(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Од:

Израелската амбасада во Хрватска реагираше по синоќешните инциденти во Сплит пред натпреварот од Конференциската лига меѓу Хајдук и амстердамски Ајакс, кога припадници на навивачката група Торцида скандираа нацистички и антисемитски пораки насочени кон навивачите и играчите на холандскиот клуб.

„Длабоко сме шокирани од тешкиот антисемитски инцидент што вчера се случи во Сплит и најостро го осудуваме. Ваквите инциденти мора недвосмислено и решително да бидат осудени од сите надлежни институции на сите нивоа“, соопштија од израелската амбасада.

Оттаму изразија благодарност до Владата на Хрватска и до специјалната советничка на премиерот за прашања поврзани со Холокаустот, Сара Лустиг, за брзата реакција и јасната осуда на настанот.
„Убедени сме дека надлежните институции ќе постапат брзо и решително по ова прашање“, се наведува во соопштението.

Безбедносните тензии околу натпреварот започнаа уште во вторникот вечерта, кога полицијата одзеде оружје од припадници на навивачката група на Ајакс. Во средата вечерта, во центарот на Сплит и на градското шеталиште Рива, дојде до судир меѓу стотици припадници на Торцида и холандски навивачи. Полицијата интервенираше и го прекина конфликтот.

На денот на натпреварот, за време на навивачката поворка низ градот кон стадионот „Пољуд“, на чело на колоната се движеше автомобил со мртовечки ковчег на кој пишуваше „Ајакс“.

Навивачите притоа скандираа антисемитски и нацистички пораки, меѓу кои „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“. Се слушаа и усташки извици „Ајмо, усташи“, како и песни што алудираат на нацистичките логори на смртта.

Мета на нападите беше историската поврзаност на Ајакс и неговите навивачи со еврејската заедница во Амстердам.

Полициската управа на Сплитско-далматинската жупанија потврди дека спроведува интензивна криминалистичка истрага за утврдување на идентитетот на учесниците во поворката и покренување постапки поради говор на омраза и истакнување забранети симболи.

Поради инцидентите на улиците и нередите за време на натпреварот, кој во второто полувреме беше прекинат поради палење факели и чад на стадионот „Пољуд“, на Хајдук му се закануваат исклучително строги санкции од Европската фудбалска унија (УЕФА).

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски