Познатиот актер Кирк Даглас почина на 6-ти февруари 2020 година во 104-тата година од животот. Светските медиуми сега пишуваат за неговото наследство.
Според медиумите, актерот оставил 60 милиони долари во хуманитарни цели.
Парите, според „Дејли мирор“, ќе бидат распределени преку фондацијата Даглас, основана од Кирк Даглас и неговата сопруга Ен Бајден.
Дел од наследството на Даглас, наводно, ќе го прими Универзитетот Свети Лоренс, Синајски храм во Лос Анџелес, театарот „Кирк Даглас“, како и Детска болница во Лос Анџелес.
Ова не е изненадување, бидејќи Кирк Даглас се сметаше за голем хуманитарец.