Еден од најуспешните режисери на модерната ера, Квентин Тарантино за прв пат стана татко. Тој и 20 години помладата сопруга станаа родители, во саботата, на 22 февруари, а Даниела се породи во Тел Авив, каде што е и таа родена.
Оттаму потекнува и нивната желба, детето да биде родено токму во Израел.
Квентин и неговата сопруга сè уште не го откриле името на детето, но, како што велат некои, тие добиле син.
Двајцата живеат во изнајмен стан во Израел од ноември. Медиумите претпоставуваат дека е многу можно тие да се преселат таму, особено сега кога бебето дојде на свет.
Квентин и Даниела се запознале уште во 2007 година, десет години подоцна се верија, а се венчаа во ноември 2018 година.