Актерката Никол Кидман е фотографирана од папараците во паузите на снимањето на филмот „The Prom“ на кој работи моментално, а нејзиниот изглед ги вознемири нејзините обожаватели.
52-годишната актерка неодамна се најде под критики од јавноста за претераните естетски корекции, а сега фановите ја критикуваа за намалувањето на тежината. Тие сметаат дека Никол е многу ослабена и дека не изгледа убаво.
Никол носеше црна тесна облека на сетот што дополнително ја потенцираше нејзината фигура, а фановите беа шокирани од нејзината тежина, коментирајќи дека актерката изгледала анорексична.
Инаку, Никол отсекогаш била витка жена, но заради овие фотографии многумина се загрижиле за нејзиното здравје и изглед.