Нема нови обвиненија од „бомбите“, ниту пак ќе бидат докази во случаите за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и изградба на палатата

Од:

Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија преку писмено соопштение извести дека владеачкото мнозинство ги прифатило нивните барања поврзани со текстот на законот за Јавно обвинителство, по што тие ќе гласаат за понуденото законско решение.

Нивните барања, кои велат дека им се прифатени, се Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран со непосредно гласање на сите обвинители, а  обвинителите по завршување на академијата да мора три години да работат во основни обвинителства. Меѓу другото, било дефинирано да се спроведе и дисциплинската постапка како не би можела да биде злоупотребена функцијата – обвинител.

„Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали, согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предложила преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон“, стои во соопштението од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Осумтте пратеници постигнале договор и за предметите чии обвиненија се поднесени по законскиот рок. Имено, тие договориле во случаите „Талир 1“ кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште, прислушкуваните разговори да не се користат како докази.

„Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа, велат од Независната пратеничка група, се исправа неправдата, односно се дава фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да се докаже невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи“, се додава во соопштението.

Тие предложиле уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во законот.

„Собранието на Република Северна Македонија до отпочнување на примената на овој закон (30.06.2020) ќе го усогласи кривичното законодавство со европските стандарди при што во преодните одредби ќе ги наведе броевите на членовите од новиот закон кои кореспондираат во членовите од кривичниот законик“, додаваат од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Тие велат дека нивната намера била да се изнајде решение со кое ќе се обезбеди функционирањето на принципот на владеењето на правото, согласно европските вредности и со цел да се оневозможи реваншизам а да се овозможи правда.

„Апелираме ВМРО ДПМНЕ да даде конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржиме и во интерес на граѓаните да донесеме законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и дополнително заедно да и помогнеме на нашата држава во евроатланските процеси, се вели во соопштението на Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

Мукоски за Милошоски: Добро знам во која барака под наем живееше во 2002 година, а колку имот има сега