Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, денеска на заедничка прес-конференција во Клубот на пратеници ќе ја презентираат усвоената методологија за проверка на работата на правосудството.

Советот за реформи во правосудството во понеделникот го потврди Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година.

Беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите. Овие документи ќе бидат патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.

Советот ги одобри и идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари