Борел во тридневна посета на Косово и Србија

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, ќе ги посети Приштина, а потоа и Белград од 30 јануари до 1 февруари. Тоа е прва посета на новиот шеф на европската дипломатија во регионот.

Целта на посетата на Борел е пред сѐ да изнајде начин за да се рестартира дијалогот меѓу двете страни, замрзнат од крајот на 2018 година поради косовските царини врз српските производи.

– Со нетрпение ја чекам мојата прва посета на Западен Балкан што ја докажува нашата посветеност на ЕУ перспективата на регионот, неговата стабилност, безбедност и просперитет. Западниот Балкан ќе бидат приоритет за време на мојот мандат и со оглед на мојата лична одлучност да се напредува во дијалогот посредуван од ЕУ, сакав да ги посетам Косово и Србија први во регионот, се наведува во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел во Косово ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, партиски претставници, граѓански организации и ќе го отвори проектот на ЕУ за подобрување на квалитетот на воздухот. Во Србија тој ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ, и исто така партиски и граѓански претставници. Предвидена е и посета на „области околу српски национален парк“.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он