На аукција во САД продадени 21 автомобил на починатиот Пол Вокер

Од:

На аукција во американската сојузна држава Аризона, беа продадени 21 автомобил што му припаѓале на покојниот глумец Пол Вокер. Вкупниот приход од наддавањето изнесува 2,33 милиони долари.

Само Бе-ем-вето М-3 од 1995 година достигна цена од 385.000 долари во саботата, на последниот ден од традиционалната „Барет-Џексон“ аукција за автомобили која трае една недела.

Меѓу најпривлечните возила за посетителите беше и Нисанот 370-з што е користен во „Брзи и бесни 5“. Беше продаден 105.600 долари.

Пол Вокер, страстен вљубеник во автомобили, и најпознат по серијалот филмови „Брзи и бесни“, загина 2013 година во сообраќајна незгода.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска