Британската пејачка Адел го очекува своето прво дете со нејзиниот дечко Сајмон. На својот сајт пејачката напиша:
„Среќна сум што можам да ви соопштам дека Сајмон и јас го очекуваме нашето прво дете. Сакав убавите вести да ги чуете од мене. Пресреќни сме, но ве молиме во овој момент да ја почитувате нашата приватност. Засекогаш, ваша Адел“.
24-годишната Адел го запозна 36-годишниот Сајмон, минатото лето во Велика Британија и од тогаш се заедно. За нивната врска јавно проговори дури во јануари оваа година, кога ги „фати“ папарацо-фотограф.
Сајмон веќе има 5-годишна ќерка од претходниот брак.