Кејт Хадсон со својата линија на пијалак King St. Vodka

Од:

Додека голем број познати личности лансираат козметички брендови, модни линии, објавуваат книги, сликаат или готват во последно време, актерката Кејт Хадсон (40) направи своја линија на пијалак.

Кејт веќе има свој бренд на облека, а сега на списокот го додаде и својот бренд на алкохол. Својата линија на пијалак наречена King St. Vodka ја претстави во ресторан во Њујорк.

„Некако, по напорната работа, решив да се опуштам со неколку коктели, но кога ѕирнав во барот, не најдов добра вотка. Потоа сфатив дека не постои бренд на вотка што го носи потписот на една жена и во тој момент решив јас да бидам таа што ќе го стори тоа“, објасни Кејт.

Пијалакот веќе има профил на „Инстаграм“ со повеќе од 12.000 следбеници, како и интернет-страница на која може да се најдат детали за цената, нарачката и друго, а изгледот на шишето е типично женски.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска