Леонардо Дикаприо донираше 15,6 милиони долари за заштита на ретки видови животни и зачувување на животната средина.
Поголемиот дел од светот го познава Леонардо Дикаприо по неговата улога на Џек во филмот „Титаник“ или како големиот Гетсби, но она што можеби не е толку познато е дека тој со години одделува пари за спас на животната средина преку својата фондација.
Фондацијата Леонардо Дикаприо е создадена со идеја да ги заштити последните диви места во светот и да ги спаси загрозените диви животни од истребување.
Актерот е особено посветен на спасување на жирафите.
Фондацијата е основана во 1998 година, кога актерот имал само 24 години. Тој е загрижен дека климатските промени влијаат негативно на биолошката разновидност на Земјата.
Преку фондацијата која собра стотици милиони долари за проекти во повеќе од 40 земји и пет океани, Дикаприо ги поддржува другите организации за животна средина.
Добитник е на многу награди за неговите напори за собирање средства и донации. Неодамна беше објавено дека актерот ќе направи уште една голема лична донација – 15,6 милиони американски долари за програми за заштита и очувување на животната средина, чија цел е борба против климатските промени.