Селма Хајек блескаше на црвениот тепих на 77-то доделување на наградите „Златни глобуси“, а поради нејзиното деколте, снимката стана вирална низ целиот свет.
Убавата актерка носеше долг фустан „Гучи“ кој совршено ги истакнуваше нејзините облини, обетки во нијансите на горниот дел од креацијата, коса во форма на „бранови“, носеше прстени со дијаманти, а единствено за што критичарите се двоумат е тоа дали сандалите се хит или утка.
Сепак, и се да и беше згрешено, деколтето беше победничко. Така барем велат фановите на социјалните мрежи, а некои од коментарите се: „Селма, вредиш милијарда!“, „Не разбирам како има вакви гради толку години“, „Блазеси му на нејзиниот сопруг“, „Селма, злосторство е да ги покриеш овие гради“, …