Откако го помина Божик со семејството Бекам, актерката Ева Лонгорија го напушти Лондон и го продолжи одморот во потопла дестинација, а фотографиите што ги објави на својот профил на Инстаграм ги „запалија“ социјалните мрежи.
Имено, Лонгорија го прослави Божиќ во друштво на долгогодишната пријателка Викторија Бекам и нејзиното семејство.
– Најдобар Божиќ досега! Им посакувам на сите вакви пријателства што траат со години. Те сакам Викторија – напиша актерката под фотографијата.
Откако го прослави Божик, убавата актерка го продолжи одморот во потопол крај, па обожавателите ги почести со фотографија од нејзиното поцрнето тело.
Лонгорија може да се пофали со сликата во костим за капење, додека на главата носи слама капа и пие коктел.