Модната дизајнерка и поранешна „Спајсица“ Викторија Бекам наводно е во големи финансиски прблеми.
Поранешната британска пејачка, наводно, морала да го отпушти личниот возач откако нејзината линија за облека претрпела загуба од 12,3 милиони фунти, или нешто повеќе од 16 милиони американски долари.
Освен возачот, с еверува дека Викторија била принудена а отпушти неколку клучни вработени додека нејзината модна империја се бори за да се извлече од долговите. Исто така, за нејзиниот главен бутик кој се наоѓа во Хемерсмит, во центарот на Лондон, Викторија ја откажала испораката на цвеќе затоа што редовните набавки нарачани од дизајнерката се сметаат за целосно непотребен трошок.
Според извори блиски на семејството, нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам одбил да и помогне да излезе од финансиската криза.