Џенифер Анистон денес е една од најомилените актерки на светот, а со својот изглед пленела и како мало девојче, што може да се види на фотографијата објавена на Инстаграм.
Таа сподели слика со својот татко Џон Анистон, „сега и тогаш“. Првата слика е од детството, додека втората е денес. Двете фотографии се направени на Божиќ, 25 декември, а во коментар под фотографијата таа напиша колку е горда на својот татко.
„Божиќ со еден од моите креатори“, се пошегува Џенифер и додаде: „Те сакам, тато“.
Со оглед на тоа колку е популарна Рејчел од пријателите на Инстаграм, не е изненадување што овој пост заработи и над 4 милиони лајкови за еден ден.