Ирина Шајк дефинитивно не е обична мајка, па затоа е многу тешко за неа да помине незабележано.
Оваа 33-годишната манекенка беше видена како носи опуштена, удобна облека додека ја шеташе нејзината 2-годишна ќерка Леа во парк во Њујорк.
Ирина се обиде да остане незабележана. На главата имаше црна капа, а носеше и црни очила за сонце, светкава голема јакна, со сива тренерка и црни патики.
Ќерката Леа, која ја има со поранешниот свршеник, 44-годишниот актер Бредли Купер, е вистинска слика на својата мајка. Таа носеше слична сјајна јакна и како нејзината мајка, цело време се смешкаше. Леа носеше хеланки, црвени патики од Бурбери и црвена капа.
Ирина и Леа навистина „блескаа“ и може да се види дека уживаа во утринската прошетка.