Тигарот кој што му припаѓаше на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, почина од рак на белите дробови во еден центар за одгледување животни во Калифорнија.
Додека беше жив Мајкл, тигарот живееше во „Недојдија“, но по неговата смрт заедно со останатите животни меѓу кои жирафите, орангутаните, слоновите и десетици влекачи беа испратени во резервати по целата територија на САД.
Тигарот беше именуван по најуспешниот соло албум на Џексон, „Трилер“ имаше 13 години и тежи 170 килограми. Имаше брат Сабул и заедно живееја со Џексон до 2006 година.
Вработените во ценатарот му организираа кремирање.