Убавицата од Јамајка, Тони Ен Син е прогласена за Мис на светот за 2019-та година, денеска во Лондон.
Круната и ја предаде манекенката од Мексико, Ванеса Понсе де Леона, минатогодишната најубава жена на светот.
– Благодарна сум на оваа прилика, но пред се мислам на работата која што ќе треба да биде завршена, а за што сега имам средства да ја завршам. Подготвена сум да работа. И многу возбудена, рече новата Мис на свет со солзи во очите.
23-годишната Тони студира женски науки и психологија на Државниот универзитет на Флорида.
Последен пат кога девојка од Јамајка ја понесе оваа титула беше во 1993-та година.
За прва придружничка е прогласена Офели Мецино од Франција, а третото место го зазема Суман Рао од Индија.