Од легендарниот филм „Брилијантин“ поминаа 41 година, во кој главните улоги им беа доделени на Џон Траволта и Оливија Њутн Џон.
Холивудските ѕвезди имаа заедничка дружба со фановите во Вест Палм Бич во Флорида.
Оливија која го толкуваше ликот на Сенди и Траволта кој го глумеше Дени, ги облекоа костимите од „Брилијант“ по четири децении.
Фотографијата која стана хит на интернет ја објави Оливија на Инстаграм.
– Прв пат во костимите откако го снимивме филмот! Толку сум возбудена, напиша Оливија.