Генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Владимир Георгиевски, координаторот за млади категории, Мирко Ивановски и координаторот за организација на настани, Јане Петровски, од денеска се во Фрејзинг, место покрај Минхен, каде е закажана жрепката за натпреварувачките групи за наредните евро-шампионати во младинската конкуренција.
– Освен ждрепката која е предвидено да се одржи на 10 декември, нашата тричлена делегација ќе биде дел од дводневните„работнилници“ на ФИБА, предвидени за федерациите кои се во улога на организатори на овие ивенти во текот на наредното лето. Како што е познато, нашата федерација доби уште едно признание од Светската кошаркарска федерација, односно организација на Европското првенство од Дивизијата „А“ во машка конкуренција, за кошаркари „Под 16“ години. Овој важен настан за нашата репрезентативна кошарка биде реализирано во периодот од 14 до 22 август во нашиот главен град – Скопје, објави КФСМ на својата веб-страница.
Покрај македонската машка кадетска репрезентација која е единствена која се натпреварува во „А“ дивизија, КФСМ пријави уште неколку младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните рангови – дивизии.
Машките младински национални селекции „Под 16“ години, „Под 18„ и „Под 20“ години, идното лето ќе учествуваат на соодветните континентални првенства, додека во женска конкуренција тоа ќе бидат младинските селекции „Под16“ и „Под18“ години.