Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Од:

ФИБА објави нова ранг листа по Олимписките игри во Париз.

Кошаркарите на САД го освоија златото во Париз и останаа „прицврстени“ за првото место на листата, а Србија е веднаш зад нив.

Српската селекција е на 758,9 поени, скокна две места и ја прескокна Германија.

Четвртото место и припадна на Франција, која заврши на второто место во најголемото спортско шоу и се искачи за пет места, што е најголем напредок во Топ 20.

За две позиции напредуваше и Канада, бидејќи беше на Игрите по 24 години. Сега е петта, а вреди да се забележат и Грција и Порторико, кои ги зазедоа 13-то, односно 15-тото место. Тоа е за една позиција напредок и за двата тима.

Најдобар африкански тим е Јужен Судан. Ова им беа први Олимписки игри, остварија и еден триумф и скокнаа за 11 позиции – од 34 на 23.

За пет места напредуваше и Камерун од африканските селекции поради успешните настапи на квалификацискиот турнир на ФИБА за Олимписките игри во Латвија. Тие се на 64 место.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ