Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Од:

Перо Антиќ и во следните четири години ќе ја предводи македонската кошарка.

На денешното годишно, во исто време и изборно Собрание, досегашниот предводник на македонската кошарка, доби поддршка од 40 делегати, односно од присутните членови со право на глас, на седницата на највисокото тело на КФСМ одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

„Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ветувам дека ќе работиме уште понапорно во периодот кој што следува. Веќе работиме на тоа да обезбедиме нови спонзори. Верувам дека ќе бидете пријатно изненадени, посебно прволигашите. Конечно, онака како што беше поставено во програмата, конечно ќе има спонзор на првата машка кошаркарска лига. Клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци. Но очекувам дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена. Уште еднаш голема благодарност до сите“- порача стариот и нов претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Претседателот Антиќ го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор. Во наредиот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека, и членовите на ова тело по автоматизам, Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени, Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.

Собранието на федерација го изгласа и новиот Надзорен одбор кој ќе го сочинуваат Филип Гривчевски како претседател, и двајца членови, Душко Вељановски и Јанко Мишев.

Претходно на седницата, присутните делегати го прифатија извештајот за работата на федерацијата за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година, кој го презентираше генералниот секретар Владимир Георгиевски.

Спортскиот директор на националните тимови, Марјан Србиновски пак ги запозна присутните делегати за сработеното во изминатиот период, во сите национални селекции. Во исто време, ги најави и следните репрезентативни активности, кои се во голем број во периодот кој е пред нас, а кои ќе кулминираат со организација на две Европски младински првенства, и настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 , но и во преткавлификациите за пласман на Олимписките Игри во Париз во 2024 година.

Би можело да ве интересира

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги додели признанијата за најуспешните

Ана Ололовска

Турскиот моден бренд „Кигили“ нов спонзор на македонските кошаркари

А1он

Крстевски: Нема да биде лесно, но имаме квалитет да продолжиме во квалификациите

Ана Ололовска

Бајиќ се запозна со потенцијалните сениорски репрезентативци

Ана Ололовска

Четири квалификациски и еден финален турнир во зимската „3х3 Macedonia“

Ана Ололовска

Антиќ се прости од својот голем пријател Драган Василов – Цевка

Ана Ололовска