Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

Од:

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Северна Македонија е рангирана на 29. место на европската рејтинг листа на ФИБА, односно на 52. позиција во светски рамки според Светската кошаркарска федерација.

Вака рангирани „црвено-жолтите“ направија еден чекор понапред во листата на ФИБА за тековната 2021 година.

Во овој момент, нашите противници во „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп 2023, селекцијата на Грузија, со која ќе се соочиме во февруари е на 38. место во светот, додека селекцијата на Украина е на 32. место.

САД се на врвот на табелата кои 2021 година ја затвораат со 763.3 освоени поени, а зад нив е Шпанија со 724.1 поени.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим