Познатиот актер Кијану Ривс ја изненади јавноста кога се појави на црвениот тепих пред еден месец за прв пат по 35 години со девојка.
Уште поголемо изненадување на јавноста беше неговата избраничка, 46-годишната уметничка Александра Грант, која поради седата коса многумина ја помешаа со актерката Хелен Мирен.
Девојката на Ривс објасни и зошто одбива да ја бојадиса косата. На својот „Инстаграм“ профил објави фотографија од магазинот „Neewsweek“ во кој пишува дека новото истражување во кое учествувале речиси 50.000 жени покажало дека трајните бои за коса и хемиското исправување на косата може да предизвикаат рак.
„Леле. Денешните вести … Бројките се зачудувачки. Предвреме побелев во раните 20-ти … Ја менував бојата на косата, сè додека повеќе не можев да ја толерирам токсичноста на боите. Во моите 30-ти ја пуштив мојата коса да се претвори во „русокоса“ … Јас сакам и поддржувам дека секоја жена може да избере како сака да изгледа на секоја возраст. Но, ако жените страдаат заради наметнатите стандарди на убавина, тоа е нешто за што треба да зборуваме.“, напиша Грант во описот на својот пост на „Инстаграм“.