Актерката Кортни Кокс објави заедничка фотографија со ќерка си Коко Аркет на Инстаграм. Многумина се воодушевени од изгледот на Коко која неодоливо потсетува на својата мајка, а поради измазнетото лице на Кортни, фановите и порачаа дека претерала со ботоксот.
Актерката Џенифер Анистон не одолеа па напиша неколку зборови под сликата.
– Коко! Пребрзо растеш или јас стареам? Те сакам многу, напиша Џенифер.
– „Близначки“, „И двете сте прекрасни“, „Најубава комбинација“, „Како Коко расте се повеќе личи на тебе“, „Идентични“, се некои од коментарите под сликата.
Меѓутоа имаше и онакви кои коментираа дека Кортни претерала со ботоксот. Холивудската актерка призна дека користела ботокс, а подоцна и филери во лицето.
– Јас сум актерка и го користам своето лице за да одглумам нешто. Тогаш не бев во можност поради ботоксот. Се чувствував лошо, рече Кортни велејќи дека не била задоволна од резултатите.
– Не го сфаќав тоа се додека еден ден не се видов себе си и си реков дека не личам на себе, призна Кокс.
Актерката пред две години отстранила имплантанти кои и создавале проблеми. Во тоа време сметала дека е најбитна убавината, па поради тоа често го запоставувала своето здравје.
– Тоа е помалку тажно затоа што ме доведе во неволја. Се трудев да држам чекор со времето, а всушност се влошија работите, заклучи Кортни.