На почетокот на оваа година, актерката Мишел Фајфер отвори свој профил на социјалната мрежа Инстагра, а сега своите милион фанови ги израдува со фотографија без грам шминка.
Како што прават многу познати личности, и Мишел реши да покаже како изгледа во природно издание.
61-годишната актерка покажа дека старее грациозно, а за оваа фотографија доби преку 120 илјади лајкови. Сите коментираат дека им се допаѓа нејзиниот природен изглед.