По десет години повторно се собра еден од најпопуларните женски бендови на светот „The Pussycat dolls”. 41-годишната Никол Шерцингер официјално ја потврди оваа информација.
– Многу сум возбудена, сега сме возрасни, рече пејачката.
Групата се распадна во 2010 година кога дојде до мала напнатост меѓу членките. Тие се надеваат дека сега, по десет години, ќе биде поинаку.
Никол признала дека една од причините за распадот на групата бил и нејзиниот проблем со исхраната – булимијата. Таа се чувствувало неспособно, а тоа не го споделила со нејзините колешки, кои не знаеле што се случува со нејзиното здравје.
– Го криев тоа од светот, ми беше срам. Кога се бориш со својата несигурност, тоа е нешто што не можеш да го споделиш со другите луѓе. Среќна сум што се извлеков од тоа, раскажа Никол.
Девојките планираат голема светска турнеја која ќе ја најават за неколку месеци.