Со својот стајлинг, актерката Кејти Холмс често мами погледи и добива многу комплименти за нејзиниот изглед, а ја предизвика истата реакција со неодамнешните фотографии кои ги објави на „Инстаграм“.
Холм изминативе денови снимаше едиторијал за австралиското издание на престижниот магазин Вог и за своите многу обожаватели на „Инстаграм“ сподели две фотографии што ќе бидат објавени во претстојниот број.
Поранешната сопруга на Том Круз позираше облечена во црно, откривајќи го нејзиниот затегнат стомак.
„Прекрасно беше да се работи со толку неверојатни жени“, напиша Кејти Холмс.