Ријана им го честиташе празникот на обожавателите само во долна облека
Популарната пејачка Ријана им го честиташе на фановите Денот на благодарноста на најпровокативен начин.
Се разбира, таа исто така вешто го промовираше својот бренд за долна облека „Fenty X Savage“.
Оваа година Ријана претстави колекција долна облека со својот потпис, а секоја фотографија на која позира облечена во своите креации предизвикува вистинска мешаница.
Но, овој пат таа отиде чекор подалеку, провокативно кревајќи ја ногата во воздухот. Тоа беше доволно да го запали „Инстаграм“ и да ги натера нејзините обожаватели да заборават која година е, не само кој ден е.