Познатиот пејач честопати зборуваше додека беше жив дека една жена е љубовта на неговиот живот.
Фреди Меркјури еднаш рече дека Мери Остин е љубовта на неговиот живот и во наследство и ја остави куќата во Западен Кенсингтон по неговата смрт во 1991 година.
Фронтменот на Квин имаше најблиска врска со Мери, со која се запозна во 1974 година, непосредно пред бендот да ја започне успешната музичка кариера.
Две децении по смртта на Фреди од бронхијална пневмонија – компликација поради СИДА, неговата мајка кажа што мисли за Мери Остин.
Говорејќи за „Телеграф“ пред да почине, Џер Булсара рекла дека Мери е љубезна и одела во нивниот дом за да јадат заедно. Таа дури откри дека се надевала дека Фреди ќе се ожени со Мери.
“Сакав тој да се ожени за неа и да има нормален живот и деца. Но, дури и кога се разделија, знаев дека таа сè уште го сака мојот син и останаа пријатели до самиот крај. Јас не сум ја видела од кога тој почина“, Рече тогаш Џер.
Таа не чувствуваше никаква омраза или нетрпеливост кон Мери, иако Фреди и остави голем дел од своето богатство.
„Зошто не? Таа беше како семејство за нас и сè уште е дел од него, рече Џер.