Да бидеме реални, тие се платени за да изгледаат добро, а кога станува збор за делови од телото што им се битни за кариерата, ќе направат се за нив.
Ова се најскапите нозе, задник и гради во Холивуд.
Насмевката на Џулија Робертс
Џулија ја осигура својата прекрасна насмевка, по која е позната на 30 милиони долари.
Нозете на Хајди Клум
Кога нозете ти ја носат заработката, подобро е да бидат осигурнаи. Хајди Клум ги осигура нозете за по милион долари.
Телото на Даниел Крејг
Не морате да бидете фан на Џејмс Бонд, да знаете дека на снимањето на тој филм може да дојде до сериозни ситуации. Крејг кој што многу сцени ги сними сам, одлучил да го осигура целото тело на 9,5 милиони долари.
Тој го повреди коленото на почетокот на оваа година.
Нозете на Мараја Кери
Кога се работи за осигурувањето на делови на тело, Мараја Кери е најверојатно победничка.
Во 2006-та година ги осигура нозете на сума од милијарда долари.
Задникот на Џенифер Лопез
Пред Ким Кардашијан, прва која го осигура својот задник беше Џенифер Лопез и тоа за 27 милиони долари.
Нозете на Дејвид Бекам и Кристијан Роналдо
Бекам и Роналдо ги осигураа своите нозе на 195 и 194 милиони долари.
Познатите фудбалери ги осигураа нозете затоа што спортисти од нивен калибар секогаш се мета на теренто.
Осигурувањето на Бекам е најголемо во спортската историја – толку големо што го покриваат неколку компанија.
Градите на Холи Мадисон
Пред да започне со топлес шоуто во Лас Вегас во 2011-та година, поранешната Плејбој зајачица одлучи да ги осигура своите големи гради на милион долари.
– Ако се случи нешто со моите гради, нема да можам да работам со месеци и поради тоа ќе изгубам милиони, рече Холи.