Синди Крафорд со децении наназад важи за една од најубавите жени на светот. Славната манекенка е активна на социјалните мрежи, а на Инстаграм таа објави фотографија на која позира со својата мајка Џенифер.
– Се чувствувам посебно што го поминувам денот со својата мајка и Ќерка на настанот Women’ Guild, напиша Синди, и објави две фотографии, една со мајка и, а другата и со ќерка и Каја Гербер, која започна манекенска кариера.