Најмладата милионерка, Кајли Џенер и дел од семејството Кардашијан – Џенер, ги израдува своите фанови со новогодишно изненадување.
Станува збор за нејзината новогодишна колекција шминки, а за да ги изрекламира на најдобар начин, Кајли е во прв план, гола, покриена со црвена перница. Единствено што носи на себе се мрежасти чорапи.
Младата богаташка за која се зборува дека е во врска со Дрејк, има црвена шминка, и иако некои сметаат дека подранила со оваа слика и со рекламирањето на новогодишната колекција, малку се тие на кои им засмета да ја видат во вакво издание.
– Кој е подготвен за мојата празнична колекција, напиша Кајли под објавата.