Пејачката и актерка Џенифер Лопез ги откри деталите за непријатната средба со режисерот со кого соработуваше пред неколку години.
Џеј Ло беше дел од традиционалната тркалезната маса на магазинот „Hollywood Reporter“ заедно со актерките Лупита Нијанго, Скарлет Јохансон, Лора Дерн, Лулу Ванг и Рене Зелвегер. Актерките зборуваа за кариерите, неодамнешни проекти и искуствата во Холивуд.
Џенифер зборуваше за кастинг со еден режисер кој бил многу непријатен, но таа веднаш му покажала заби.
„Режисерот на пробата ми рече да му ги покажам градите затоа што морал да ги види пред да одлучи дали ќе ги сними. Навистина сакаше да ги види моите гради. Тој не се шегуваше“, ја почна приказната Џеј Ло.
Актерката Скарлет Јохансон додаде дека не може да верува низ што се мора да поминуваат актерките пред да ги добијат улогите и дека злоставувањето е насекаде околу нас.
„Мислев – не сме на снимање. Се изборив сама за себе. Смешно е бидејќи помнам дека испаничив. И да во собата беше и дизајнерката. Значи, имаше уште една жена во просторијата. Тој го кажа неговото, јас реков- не. За среќа тоа лудило од Бронкс излезе од мене.
„Не сакам да ти ги покажувам моите гради. Ке ги видиш на снимањето“, одговорила Џенифер.
Деновиве се зборува дека Џенифер Лопез може да добие номинација за Оскар за улогата во филмот “Hustlers”. Џеј Ло истакна дека била пресреќна што соработувала во филмот бидејќи никој не ја присилил да прави нешто што не сака.
„На сите на сетот им беше пријатно без разлика што имаше многу жени што беа топлес или голи. Тоа беше сигурна зона за работа“, заклучи Џеј Ло.