Сексипилната актерка Амбер Херд конечно проговори за Џони Деп, кој минатата недела ја раскина 14-годишната врска со Ванеса Паради, со која има две деца.
„Џони е прекрасна, посебна личност. Кога ќе влезе во просторијата, сите други остануваат во втор план. Неверојатно е секси“, изјави Амбер. Деп и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ и од тогаш се нераздвојни. Во моментов и двајцата се во Мексико каде Џони снима филм.