Ким, Клои и Кортни Кардашијан позираа за новата линија парфеми „KKW parfumes“ со „залижана“ коса и накит вреден неколку милиони долари.
Интересно е дека на ова снимање Ким носеше два дијамантски прстени кои и се подарок од Канје Вест, а еден од нив беше украден во 2016-та година во Париз, кога крадците украдоа накит вреден 10 милиони долари.
Првиот овален прстен од 15 карати, Канје и го подарил во 2013-та година кога ја побарал за жена, а другиот дијамантски прстен од 20 карати го добила 2016-та година.
Токму тој прстен е украден во Париз, а сега се „шушка“ дека старлетата истиот го носи на фотографиите.
Една од опциите е дека е изработен ист прстен, односно многу добра копија, иако се знае дека Ким не носи копии.
По повод промоцијата на новиот парфем кој е спакуван во дијамантски шишенца, Ким изјави:
„Оваа колекција е посебна затоа што тој е првиот парфем кој е направен во соработка со Клои и Кортни. Ова беше возбудливо искуство“.
Сите три сестри на сетот имаа иста фризура и шминка. Розевата линија ја претставува Клои, а жолтата Кортни. Секој од трите парфеми ќе може да се купи за 40 долари.