Малезија ја притвори лидерката на камбоџанската опозиција

Од:

Малезиските службеници за имиграција ја уапсија Му Сошуа, потпретседателка на забранетата опозициска Партија за национален спас на Камбоџа (ЦНРП).

Притворот се случи во пресрет на планираното враќање на прогонетите лидери на ЦНРП, вклучувајќи ги и Му Сошуа и Сем Рејнси, основачот на партијата, во сабота, на Денот на независноста на Камбоџа.

Кон крајот на октомври Сошуа доби забрана за влез во Тајланд и беше вратена во Малезија.

Парламентарците за човекови права на АСЕАН во соопштение објавено денеска повикаа на „итно и безусловно ослободување“ на Му.

Веста за притворањето на Му Сошуа доаѓа само еден ден откако малезиските власти признаа дека притвориле двајца камбоџански активисти.

Камбоџа уапси најмалку 48 опозициски активисти оваа година поради наводно планирање да се собори владата пред планираното враќање на самопрогласениот Сем Рајнси, основач на распуштената ЦНРП.

Владата на Хун Сен распореди армија долж границата како одговор на најавата на Рејнси дека планира да се врати.

Тој избега во Франција пред четири години по пресуда за кривична клевета за која му беше изречено да плати отштета во износ од милион долари. Рејнси се соочува со петгодишна казна затвор од посебен случај.

Претходно рече дека легитимно се обидува да го собори Хун Сен затоа што премиерот создал еднопартиска држава и не е подготвен да одржи слободни и фер избори.

Тајландски премиер Прајут Чан – оча рече дека нема да му буиде дозволено на Рејнси да влезе во Тајланд на пат кон Камбоџа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски