Кијану Ривс се појави на јавен настан со својата партнерка, 46-годишната Александра Грант, што е негово прво појавување со девојка воопшто.
Тие се појавија на LACMA Art + Film Gala by Gucci во Лос Анџелес, држејќи се за раце и со широки насмевки им позираа на фоторепортерите.
Кијану за оваа прилика носеше црно одело, а Александра елегантна креација во грчки стил.
Тие со години биле пријатели и соработници. Двојката во 2017-та година ја основала издавачката куќа „X Artists’ Books“.
Александра и 55-годишниот Кијану се запознале во 2009-тата година, а ова е прв пат од почетокот на неговата кариера, тој да се појави некаде со своја партнерка.